MANNOL ADITIV MOS2 9991
Манол Адитив Молибден 350мл. (MANNOL - M-9991-035ME)Фабрички број: M-9991-035ME MANNOL MOLIBDEN ADITIVE 350ml. - Адитив за моторно и менувачко масло (мануелна
Product Details
Манол Адитив Молибден 350мл. (MANNOL - M-9991-035ME)
Фабрички број: M-9991-035ME
MANNOL MOLIBDEN ADITIVE 350ml. - Адитив за моторно и менувачко масло (мануелна трансмисија) наменет за да го намали триењето и абењето. Формира издржлива обвивка врз сите површини кои меѓусебно се тријат, и која не попушта дури и при целосна загуба на маслото. Ефикасно го намалува фрикциониот коефициент, а со тоа се намалува вртежниот момент, следствено на тоа и загубата на енергија што овозможува значителна заштеда на гориво. Го намалува абењето и спречува заглавување, дури и при висок притисок и оптоварување со што значително се продолжува работниот век на моторот и/или мануелната трансмисијата. Има висока термо-оксидациона стабилност (до 350 °C). Ја намалува бучавата на моторот и/или трансмисијата. Ја намалува штетата на моторот и/или трансмисијата при екстремни ситуации (значителни загуби на масло, преоптоварување, прегревање и сл.). Не формира наслаги и талог.
УПОТРЕБА: Додадете во моторното или маслото за мануелна трансмисија. Се препорачува редовна употреба т.е. додавање на нов адитив при секоја промена на масло. Една амбалажа од 350мл. е доволна за возила со капацитет до 5л масло. Компатибилен со сите моторни и трансмисиони масла и со сите маслени филтри.
НАПОМЕНА: Не го употребувајте како додаток кај автоматските трансмисии и трансмисиите со потопни ламели.
