LIQUI MOLY ADITIV 2509 20809 21954 0.5L SPULUNG DIESEL
LIQUI MOLY DIESEL SP?LUNG 0.5L (ШИФРИ: 2509 / 20809 / 21954)
800.00 ден.
Universal product – fits every vehicle.
Availability
Продавница 1: 1 парче
BrandLIQUI MOLY
Code3870
ID3854
Specifications
Product Details
LIQUI MOLY DIESEL SPÜLUNG 0.5L (ШИФРИ: 2509 / 20809 / 21954)
1. ГЛАВНИ ФУНКЦИИ И ПРЕДНОСТИ:
• Интензивно чистење на дизни: Ги отстранува наслагите од саѓи и катран од инјекторите, со што го враќа правилниот агол и финоста на распрскување на нафтата.
• Го смирува моторот: Го елиминира карактеристичното дизел „чукање“ во место (лер) и при делумно оптоварување, овозможувајќи мирен и стабилен лер гас.
• Зголемување на Цетанскиот број: Ја подобрува запаливоста на дизел горивото за полесен ладен старт на моторот во зима.
• Заштита од корозија: Го штити целиот скап систем за гориво (вклучувајќи ја и пумпата за висок притисок) од ’рѓа и абење.
• Пониски издувни гасови: Го оптимизира согорувањето, го намалува црниот чад и ги подобрува вредностите на емисија пред технички преглед.
• Компатибилност: Соодветен за сите дизел мотори (атмосферски, турбо, Common-Rail, Помпа-Дисна) со или без DPF филтер.
2. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ:
• Волумен: 500 ml (Лимена конзерва).
• Густина: Наменски концентрат со адитиви за подмачкување.
3. ТРИ НАЧИНИ НА УПОТРЕБА (Од превентивен до професионален сервис):
• НАЧИН 1: Преку резервоарот (Превентивно чистење)
Истурете ја целата канта од 500 ml директно во резервоарот за гориво. Оваа количина е доволна за третман на максимум 75 литри дизел гориво. Најдобро е да се стави кога имате околу 30-40 литри нафта во резервоарот за да се постигне подобра концентрација.
• НАЧИН 2: Преку куќиштето на филтерот (При редовен сервис)
Кога го менувате филтерот за гориво со нов, пред да го монтирате, наполнете ја внатрешноста на новиот филтер со овој адитив наместо со нафта. На тој начин, при првото палење, моторот ќе повлече чист концентрат кој веднаш и интензивно ќе ги исчисти дизните.
• НАЧИН 3: Директно поврзување во место (Професионално „пурџ“ чистење)
Ова е највпечатливиот метод за решавање на веќе заглавени или немирни дизни:
1. Откачете ги двете главни црева за гориво што одат кон моторот – цревото за довод (всис) и цревото за поврат (вишок гориво).
2. Потопете ги двете црева директно во кантата со Diesel Spülung.
3. Запалете го моторот и оставете го да работи во место на различни вртежи (од лер до 2500 вртежи) трошејќи ја течноста директно од кантата.
4. Изгаснете го моторот пред адитивот целосно да се потроши (за да не повлече воздух во системот) и повторно монтирајте ги фабричките црева.

